Трката за титулата сè уште е отворена: Јувентус не го искористи подарокот од Лацио (ВИДЕО)

EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Во дербито на Серија А, Милан со 4:2 го совлада Јувентус и ја продолжи неизвесноста за шампионската титула.

Екипата на Милан на најдобар начин ја потврди одличната форма по тримесечната пауза во Серија А и до третата победа ви четвртиот натпревар дојде преку главниот фаворит за титулата. „Росоњерите“ пред празниот „Сан Сиро“ со 4:2 го совладаа Јувентус и ја оставија трката за титулата отворена по киксот на Лацио на гостувањето кај Лече.

Победата на Милан добива на тежина бидејќи Јувентус во второто полувреме водеше со 0:2, но „росоњерите“ со три гола за пет минути направија пресврт.
Јувентус поведе со головите на Адриен Рабио во 47. и Кристијано Роналдо во 53. минута, но одговорот на играчите на Милан беше неверојатен.


Прво Златан Ибрахимовиќ во 62. минути успешно го реализира пеналот, за Френк Кеси четири минути подоцна да донесе израмнување. Само една минута подоцна Рафаел Леао прави целосен пресврт и му носи водство на Милан. Победата ја запечати Анте Ребиќ во 80 минута.
Со оваа победа Милан се искачи на петтото место со 49 бода, еден повеќе од Рома и Наполи кои имаат и натпревар помалку.

Претходно чекор назад кон освојувањето на титулата направи Лацио кој загуби со 2:1 на гостувањето кај Лече. Лацио повече уште во петтата минута преку Каиседо но домашниот тим кој се бори за опстанок прво преку Бабакар во 30. минута израмни на 1:1., а Лучиони на стартот од второто полувреме направи пресврт.

По 31. коло, Јувентус е најблиску до титулата, има 75 бода, седум повеќе од Лацио додека Интер е трет со 64 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот