Трите желби на Сари

Маурицио Сари од денеска и официјално ќе го презеде водењето на Јувентус и првата задача ќе му биде разговорот со директорите на „старата дама“.
Целта на разговорот со тројка Ањели, Недвед и Паратичи се засилувањата кои треба да пристигнат во текот на летниот преоден рок.

Сари веќе доби гаранции дека во тимот ќе пристигнат врвни засилувања и тоа во средниот ред, во одбраната и во нападот, додека од Јувентус можат да си заминат Жоао Кансело, Марио Манџукиќ, Хуан Квадрадо и Сами Кедира, додека Андреа Барѕаљи замина во пензија.

На листата на Сари се само три имиња кои посакува да ги види во „црно-белиот“ дрес, тој во средниот ред го бара Пол Погба од Манчестер јунајтед. Ангажманот на Погба може да претставува голем проблем за Јувентус, бидејќи англискиот тим не сака да го пушти, а исто така голем интерес пројавува и Реал Мадрид. Доколку не успее да го ангажира Погба, како резервни варијанти се споменуваат Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио, фудбалерот на Лион, Тенгу Ндомбеле и Адриен Рабио на кого му истече договорот со ПСЖ.

Во одбраната, прв пик е Матијс де Лихт. Адутот на Јувентус е менаџерот на младиот дефанзивец, Мино Рајола со кого клубот има одлична соработка и се надева дека токму тој ќе биде клучниот фактор за евентуалниот ангажман. Резервна опција за Сари и дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос.

Новиот тренер би сакал нападот да се освежи или со Федерико Киеза од Фиорентина или напаѓачот на Интер, Мауро Икарди. Медиуми шпекулираат дека Киеза ги договорил личните услови со Јувентус, и останува двата клуба да се договорат околу обесштетувањето кое сигурно не би било помалку 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот