Трипуновски со апел да се исплатат субвенциите на тутунарите

Над 19.000 тутунари ги чекаат субвенциите по предаден килограм тутун и дека тие треба веднаш да им се исплатат, вели дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во објава на Фејсбук апелира земјоделците да бидат приоритет при носење на одлуките на Владата во време на пандемија, укажувајќи дека над 19.000 тутунари ги чекаат субвенциите по предаден килограм тутун и дека тие треба да им се исплатат веднаш.

-Тутунарите кои едвај го продадоа својот тутун сега си ги чекаат заслужените субвенции, тоа се пари кои насушно им се потребни во овој период на криза, како би можеле нормално да функционираат и да ја продолжат својата дејност. Власта не смее да крати од земјоделецот, од народот. Наместо кратење на субвенициите, нека скрати од луксузите. Наместо градење и поправка на згради, парите мора да завршат кај земјоделецот. Во овие тешки времиња инвестицијата во луѓето, а не во материјалните добра е суштинска. Субвенциите за предаден килограм тутун да се исплатат веднаш, напиша Трипуновски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот