Трипуновски: Околу 3.000 вработени во ЈП „Македонски шуми” два месеца не земале плата

Според него, да не се исплати плата за два месеца е крајно неодговонорно, нехумано и недомаќинско работење од страна на менаџерскиот тим на ЈП Македонски Шуми.

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска на својот фејсбук профил објави дека околу 3.000 вработени во ЈП „Македонски шуми” два месеца се без плата и придонеси за пензиско и здравствено осигурување.

-Тоа се речеси 3.000 семејства на кои им е загрозена егзистенцијата. Во ек на светска пандемија, покачени трошоци за живот и општ хаос, 3.000 наши сограѓани се соочуваат со мака како да го преживеат месецот, тоа се луѓе со кредити, со разни други давачки, на некој од нив ова им е единствен приход за живеачка, пишува Трипуновски.

Според него, да не се исплати плата за два месеца е крајно неодговонорно, нехумано и недомаќинско работење од страна на менаџерскиот тим на ЈП Македонски Шуми.

-Каде се парите за плата на овие луѓе!? Доколку нема зошто се примаат нови и се штанцаат нови огласи за партиски вработувања!? Доколку има, каде завршиле и зошто не им се исплатени на работниците!? Три илјади семејства не смее да останат без егзистенција. Платите на вработените во ЈП „Македонски шуми” мора да се исплатат, наведува Дополнителниот заменик-министер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот