Три девојки загинаа во страшна сообраќајка во Србија: Возеле брзо и се снимале за Инстаграм (ВИДЕО)

Три девојки го изгубија животот во страшна сообраќајка која се случила викендов кај градот Кула во Србија, пренесува Србија данас. Девојките имале 15, 17 и 23 години.

Во автомобилот имало шест лица. Другите две лица кои имале 14 и 23 години се во тешка состојба, а само возачот, кој неофицијално имал 1.97 промили алкохол во крвта завршил без повреди.

Една од девојките кои починале непоредно пред да излетаат објавила видео на Инстаграм како лудо се забавуваат. Се гледа дека автомобилот одел со голема брзина и внатре ечело гласна музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот