Трговијата во Словенија годинава со 20 отсто помал промет

Поради епидемијата со коронавирусот во земјата се забележува брз развој кај интернет трговијата. Граѓани повеќе преферираат да купуваат преку интернет избегнувајќи го традиционалното одење во продавница.

Според пресметките на Стопанската комора на Словенија наместо предвидените 32 милијарди евра промет, оваа години ќе се заокружи со 25 до 26 милијарди, што претставува за околу 20 проценти помалку.

Претседателот на Стопанската комара Марича Лах, оцени дека е потребно што поголем број продавници да бидат отворени, а притоа да се земе примерот од Австрија, каде дозволената дистанца меѓу луѓето во трговските објекти е намалено од два на еден метар.

– Убедена сум дека здравствената криза остави длабоки последици во потрошувачките навики на Словенците. Однесувањето на купувачите сега е повеќе рационален, воздржан и штедлив, изјави Лах.

Од Комората сметаат дека поради епидемијата со новиот коронавирус брз развој се случило кај интернет трговијата и дека се повеќе граѓани преферираат да купуваат преку интернет избегнувајќи го традиционалното одење во продавница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот