Трет ден рекорден број новозаразени со ковид-19 во Грција

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 35 580 нови случаи на ковид-19, што претставува нов негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата, а веќе трет ден по ред има пораст на бројот на новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина.

Новозаразените се од 424 682 направени тестови, а најголемиот дел од случаите, 15 713 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а само во централното подрачје има 5007 заразени, наспроти 3997 случаи во Солун.

Регистрирани се и 72 починати, а 636 пациенти (16 повеќе од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 540, односно 84.91 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

За три дена во земјата беа регистрирани вкупно 86 250 случаи од кои: 21 657 случаи (од 556 060 тестови) во вторникот, 28 828 случаи (од 398 632 тестови) вчера и 35.582 случаи денеска (од 424 682 тестови).

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 1 170 293 случаи на ковид-19, а починаа 20 708 лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот