Тренерот на Серена импресиониран од новата генерација на тенисери

Данил Медведев и Александер Зверев се предводници на генерацијата тенисери што треба да ја замени големата тројка/фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Тренерот на американската тенисерка, Патрик Муратоглу смета дека машкиот тенис еволуираше и има иднина откако ќе се повлече големата тројка Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

– Тенисот еволуираше во последнте десет години. Ако го погледнеѕте прототипот на најдобрите тенисери, тие сите се исти. Сите се високи и тенки, такви се Циципас, Медведев и Зверев. Но, потоа дојде Алкараз кој е понизок и помускулест и сега доминира со тенисот. Поради тоа сум возбуден. Прототипот на новиот тенисер е: силен сервис и константен ретерн. Сите тие одлично се бранат и имаат одлични движења, но ако играте малку поспоро, тие веднаш ќе се нападнат – смета Муратоглу.

Муратоглу вели дека играчите во минатото, освен големата тројка, имаа доста квалитети, но и видливи слабости во играта.

– Сега тенисерите се комплетни. Играчите порано имаа еден или два неверојарни удари, но и доста слабости во играта. Сега практично нема слабост, ако ги погледнете Зверев и Медведев, нормално Новак и Рафа, нема да видите ниту еден недостаток во нивната игра, ниту еден – објаснува Муратоглу, кој сега работи со Симона Халеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот