Тренерот на Ајнтрахт, Глазнер: Наполи е најдобриот тим во Топ 5 европските лиги

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Во вторник со почеток од 21.00 часот во Франкфурт екипата на Ајнтрахт ќе биде домаќин на Наполи во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Овие две екипи единствено до сега се сретнаа во тогашниот Куп на УЕФА во сезоната 1994/95, и тогаш германскиот тим ги доби двата натпревари со 1:0.

Ајнтрахт, минатогодишниот победник на Лига Европа, ужива во првата сезона во Лигата на шампионите, но сега е пред голем предизвик. Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас победи на 18 од последните 19 првенствени натпревари и само еднаш загуби во Серија А оваа сезона.

– Наполи е најдобриот тим во најдобрите пет лиги, но нè може да се промени – изјави тренерот на германскиот тим, Оливер Глазнер.

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети изјави дека тимот е задоволен од жрепката бидејќи го избегна ПСЖ во осминафиналето.

– Ајнтрахт е шампион во Лига Европа, која е второ најсилно клупско натпреварување во Европа. Сигурно нема да биде лесно – се зборовите на Спалети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот