Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Трамповата деловна организација ја лансираше својата мрежа за мобилна телефонија „Трамп Мобајл“

Деловната организација на американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека лансирала сопствена мрежа за мобилни телефони, наречена „Трамп Мобајл“.

Раководството на мрежата ќе го преземат децата на Трамп, но и покрај ова, остануваат загриженостите за потенцијален конфликт на интереси, објавува Ројтерс.

Се наведува дека кол-центрите на компанијата ќе бидат во Соединетите Американски Држави и дека сите телефони што ќе бидат достапни за купување во рамките на работењето на компанијата ќе бидат произведени во Соединетите Американски Држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот