Трамп: САД се во одлична форма и покрај лажните вести кои се обидуваат да предизвикаат паника на берзите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во „одлична форма” и покрај тоа што медиумите шират лажни вести и се обидуваат да предизвикаат паника на берзите.

Лажните медиуми со низок рејтинг Ем-ес-ди-ен-си и Си-ен-ен даваат се од себе за да го претстават коронавирусот што е можно лошо, вклучително и да создадат паника на берзите, ако можат. Како и некомпетентни колеги демократи, кои не прават ништо друго освен да зборуваат без да преземат акции. САД се во одлична форма, напиша Трамп на Твитер.

Трамп најави дека денеска ќе одржи прес-конференција со претставници на Центaрот за контрола и превенција на болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот