Трамп: САД ќе им испрати на Италија и другите европски земји медицинска опрема од 100 милиони долари

ФОТО: ЕРА

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД во Италија, но и на други европски земји, ќе испратат вишок медицинска опрема во вредност од 100 милиони долари како помош во борбата против коронавирусот.

На брифинг за состојбата со коронавирусот во земјата Трамп кажа дека вчера телефонски разговарал со италијанскиот премиер Џезепе Конте и дека му кажал дека американските компании ќе го зголемат производството на респиратори, а вишокот ќе го испратат во Италија, Франција, Шпанија и другите земји кои тешко се погодени од епидемијата.

Трамп притоа повторно ги повика луѓето да останат дома и наведе дека е малку веројатно да се прогласи карантин на цела територија на САД.

Со мерките за ограничување на движењето, што сега засега се донесени на ниво на сојузните држави, веќе се опфатени повеќе од 70 отсто од населението на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот