Трамп напушти брифинг поради пукање во близина на Белата куќа

Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Би сакал да ѝ се заблагодарам на тајната служба за нивната секогаш брза и многу ефикасна работа. Имено, имаше пукање и некој беше однесен во болница, рече Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш ја напушти конференциската сала, само неколку моменти откако почна брифингот за коронавирусот, и веднаш потоа се врати на подиумот за да им каже на новинарите дека обезбедувањето го оддалечило од брифингот, затоа што имало пукање во близина на Белата куќа.

– Би сакал да ѝ се заблагодарам на тајната служба за нивната секогаш брза и многу ефикасна работа. Имено, имаше пукање и некој беше однесен во болница, рече Трамп.

Како што рече, изгледа дека лицето било застрелано од тајната служба „па ќе видиме што се случува”, додаде тој и истакна дека не знае во каква состојба е лицето во кое било пукано.

Висок службеник на администрацијата потврди за Си-Ен-Ен дека лицето кое отворило оган е во притвор.

Инцидентот се случил на границата на 17-та и авенијата Пенсилванија, веднаш пред теренот на Белата куќа во близина на паркот Лафиет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот