Трамп можно е да добие импичмент пред инаугурацијата на Бајден

Доналд Трамп и Џо Бајден/ Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Демократката во американскиот Претставнички дом, Илхан Омар, најави дека ќе достави предлог за отповикување на претседателот Доналд Трамп, 13 дена пред закажаната инаугурација на избраниот претседател Џо Бајден.

– Не можеме да дозволиме да остане на функција зачувување на нашата Република и мораме да ја исполниме нашата заклетва, напиша Омар на Твитер.

Директорот на големата американска бизнис група, во која членуваат 14.000 компании, меѓу кои и Ексон мобал, Фајзер, Тојота мотор корпорејшн, Џеј Тимонс упати апел властите да ја разгледаат можноста за смена на Трамп откако неговите приврзаници вчера упаднаа во Конгресот.

Тој наведе дека Трамп „поттикнувал насилство во обид да остане на власт и секој лидер кој го брани, ја крши заклетвата за почитување на Уставот и ја отфрла демократијата поради анархија”.

– Потпретседателот Мајк Пенс треба да ја разгледа можноста за покренување на 25 амандман поради зачувување на демократијата, посочи Тимонс.

Дваесет и петтиот амандман предвидува претседателските овластувања да се пренесат на потпретседателот ако неговиот кабинет заклучи дека претседателот поради физички или ментални причини не е во состојба да ја извршува својата работа. За тоа да се случи неопходно е потпретседателот и мнозинството да го прогласат претседателот за неспособен за извршување на функцијата. Во случај ако претседателот ги отфрли таквите тврдања, тогаш неопходно е две третини од Претставничкиот дом и од Сенатот да гласаат за поставување на потпретседателот за претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот