Трајанов: Ќе ја преиспитаме поддршката за Владата ако во рок од три месеци не се воведе една изборна единица

павле трајанов демократски сојуз
Павле Трајанов, Демократски сојуз / Утрински брифинг

Лидеорот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието, Павле Трајанов, останува на ставот дека доколку за три месеци не се усвојат измените за една изборна единица, ќе размисли дали и понатаму ќе ја поддржува Владата.

-СДСМ во основа поддржува една изборна единица и тоа беше нивниот став дека треба да се отвори расправата за ова прашање, меѓутоа големите партии често го менуваат мислењето и таков општ консензус тешко дека ќе се обезбеди. Јас сум оптимист дека три месеци е оптимално време кога може да се донесат усвојат измените на Изборниот законик. Ако за три месеци не се усвојат, ќе ја преиспитаме нашата поддршка на Владата, рече Трајанов во емисијата „360“.

Тој информира дека разговарал за ова со премиерот Димитар Ковачевски и оти тоа прашање е дел од приоритетите на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот