ТРАГЕДИЈАТА во езерото Комо: Фудбалерката умрела од срцев удар – Слободен печат
СпортФудбал

ТРАГЕДИЈАТА во езерото Комо: Фудбалерката умрела од срцев удар

Фудбалерката која во саботата се фрлила од чамец во италијанското езеро Комо, беше пронајдена вчера.

Смртта на швајцарската фудбалерка со албанско потекло, Флоријана Исмаили, ја шокираше спортската јавност.

Фудбалерката која во саботата се фрлила од чамец во италијанското езеро Комо, беше пронајдена вчера.

Откако беше извадено мртвото тело на Флоријана се изврши и аутопсија, за да се дознае причината за трагичната смрт, при што е констатирано дека таа доживеела срцев удар, веднаш откако нејзиното тело дошло до контакт со водата.

Телото било пронајдено во длабочина од 204 метри каде што температурите не беа повисоки од 5 степени. Капитенката на Јанг Бојс од Берн, била заедно со нејзиниот вереник.

Тие изнајмиле моторен чамец. Откако се фрлила во водата, Исмаили не се појавила повеќе. На почетокот се мислело дека станува збор за шега, но крајот беше навистина трагичен, јавува Newsport.al.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close