Трагедија во кривопаланечко: Млад работник загина на работното место

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

22-годишен работник од фирма во кривопаланечко починал во трагичен случај на работното место, соопшти МВР.

„На 13.03.2023 во 10.49 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во село Тлминци, кривопаланелко, додека бил на работно место во приватна фирма, врз вработениот М.М.(22) од село Цветово, скопско, паднал тврд предмет, при што тој починал“, се вели во полициското соопштение.

Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт кај момчето, а увид извршиле јавен обвинител, екипа на ОВР Крива Паланка и трудов инспектор, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот