ТРАГЕДИЈА КАКВА БАЛКАНОТ НЕ ПАМТИ: Морничав расплет за мајката која ја уби ќерка си и потоа се самоуби

пожар убиство
Фото Еспресо.рс

Утрово Балканот беше потресен од трагичната вест дека во обид да се спасат од пожар, скокајќи од четвртиот кат на зградата во Бежаниска коса, загинале мајка и тригодишна ќерка.

Но, како што течеше истрагата, така овој трагичен настан доби бизарен и морничав епилог. Според наодите на патолозите од српската судска медицина, на девојчето, пред да биде фрлено од четвртиот кат, му биле пресечени вените. Мајката (36) пред да скокне од терасата извикувала пораки за правата на жените, ги пресекла своите вени и скокнала на бетонот.

Полицијата и понатаму истражува што се случувало во станот, каде избувнал пожар, поради што и првичните претпоставки биле дека мајката во очај за спас скокнала од терасата.

Полицијата и противпожарните служби добиле повик дека во 8:20 часот според локално време се случил пожар и дека две лица, возрасна жена и мало дете, лежат крвави на бетонот. Меѓутоа, во моментот на самото пристигнување на местото на настанот, се покажало дека се работи за нешто поужасно.

Сопругот на починатата и татко на девојчето дознал што се случило откако пристигнал дома по третата смена и ги затекнал телата сопругата и ќерката крвави и покриени на асфалтот пред зградата. Тој бил итно хоспитализиран поради преголемиот шок, наведува Еспресо.рс.

Надлежните органи и понатаму утврдуваат дали жената сама го подметнала пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот