Тончи Хуљиќ: Што и да правам во животот, се прашувам дали Исус би го направил истото

Тончи Хуљиќ
Тончи Хуљиќ / Фото: Фејсбук, Тончи Хуљиќ

Познатиот хрватски музичар Тончи Хуљиќ е првиот гостин во новата музичка емисија „Нота бене“ на ТВ Лаудато, хрватска семејна телевизија со христијански вредности. Меѓу другото, Хуљиќ зборува за тоа зошто повеќе нема настапи во живо, за неговото детство и за религијата.

„Јас сум композитор. Новите генерации не го знаат тоа, но јас сум среќен што новите генерации ме сакаат. На улица ме препознаваат со ‘Ене го, пејачот…’. Затоа решив да не настапувам во живо. Работам на ‘Мадре Бадеса’, тоа е нешто што ја насочи мојата кариера во посериозни води и го откри вистинското јас“, објасни тој.

Што се однесува до неговото детство, образованието и музичкиот пат, композиторот вели дека „човек мора да се роди со социјална интелигенција“.

„За да ја достигнете социјалната интелигенција, мора да имате пошироко образование од она што го нуди денешното образование. Тоа започнува со домашното образование и со уште неколку училишта паралелно. Кога бев средношколец, одев во три училишта истовремено, се присетува Хуљиќ, кој смета дека денес нема многу луѓе над 60 години кои сѐ уште се актуелни и пишуваат песни, а веќе живеат на својата стара слава. Според него, тоа е незамисливо.

Хуљиќ отворено зборува и за религијата и за тоа дека, за време на пандемијата, ја создал првата поп-миса во светот – „Поп Миса Медитерана“.

„Што и да правам во животот, се прашувам дали Исус би го направил истото. Верата е одрекување и за тоа треба да се одлучите“, вели композиторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот