Томас: Финансиските проблеми го прават Вардар уште посилен!

EPA/SASCHA STEINBACH

Во текот на сезоната Вардар се соочи со многу пречки од аспект на честите повреди кај играчите, неисплатените плати

Но и покрај тоа момците на Парондо собраа сили со голем труд, желба и квалитет да го обезбедат третото учество по ред на Фајнал фор турнирот во ЛШ.

Непосредно пред настапот на ракометниот спектакл во Германија, „црвено-црните“ се парично казнети од Дисциплинската комисија на ЕХФ со 8.000 илјади евра.

Причината поради казната е однесувањето на тимот во последните минути од четвртфиналниот реванш меч во Унгарија против Пик Сегед. ЕХФ пишува дека казната е поголема, бидејќи ова е втор инцидент во кој учествувал Вардар оваа сезона, после оној во Полска против Келце како отежнувачка околност. Пик Сегед доби парична казна од 16.000 евра.

И од редовите на Барса се свесни дека нашиот првак се соочува со економски проблеми. За шпанските медиуми зборуваше еден од најискусните ракометари во каталонскиот гигант, десното крило Виктор Томас:

– И покрај ситуацијата во која се наоѓаат и големиот број економски проблеми, Вардар е тим кој е уште поопасен, бидејќи за него ова е прашање на гордост. Овој меч против нив е како финале, сè е можно во текот на таа средба. Најважно е да се фокусираме на нашата игра, да се претставиме што е можно подобро и да дојдеме до триумфот – беа зборовите на Томас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот