Том Круз ги врати добиените „Златни глобуси“ во знак на протест против организацијата

том круз
Фото: Profimedia

Том Круз ги врати своите награди „Златен глобус“ на Здружението на странски новинари во Холивуд (ХФПА), пишува „Си-Ен-Ен“.

Овој потег доаѓа по реакциите во јавноста за организацијата на наградите за недостаток на диверзитет како и многу етички прашања поврзани со финансиските придобивки за некои од 87 члена на организацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise Fanpage (@_cruise_62)

Том Круз ги освои наградите за најдобар актер за неговите улоги во филмот „Jerry Maguire“ во 1997 година и „Born on the Fourth of July“ во 1990 година, како и наградата за најдобра споредна машка улога во филмот „Magnolia“ во 2000 година.

„Ен-Би-Си“ во понеделникот објави дека нема да го емитува шоуто во 2022 година. Од Американската телевизиска мрежа велат дека наградите мора да се случат значајни реформи.

Profimedia
Profimedia

За промена на оваа големина е потребно време и работа и ние силно чувствуваме дека на ХПФА ѝ треба време да го направи тоа како што треба. Поради тоа „Ен-би-си“ нема да ги емитува Златните глобуси во 2022 година“, се вели во соопштението.

Покрај Том Круз и Скарлет Јохансон излезе со соопштение во кое ги повикува холивудските ѕвезди да се повлечат и да не учествуваат во настани организирани од ХФПА.

Како актер што промовира филм, се очекува да учествувате во сезоната на награди со присуство на прес-конференции, како и на доделувањето на наградите“, рече Скарлет во изјава за „Варајети“.

Во минатото, ова често значеше соочување со сексистички прашања и забелешки од одредени членови на ХФПА кои се граничат со сексуално вознемирување. Тоа е причината зошто јас, многу години, одбивав да учествувам на нивните конференции. ХФПА е организација која беше легитимирана од страна на такви како Харви Вајнштајн… Освен ако не постојат неопходни основни реформи во организацијата, верувам дека е време да направиме чекор назад од ХФПА и да се фокусираме на важноста и силата на единството во рамките на нашите синдикати и индустријата како целина“, истакна актерката.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот