Тлото во Србија продолжува да се тресе! Регистриран нов земјотрес во регионот на Топола

GOOGLEMAPS/PRINTSCREEN

Земјотрес со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала утринава е регистриран во регионот на Топола.

Тлото во Србија не престанува да се тресе, пред само неколку часа се случи уште еден земјотрес во Крагуевац, по што некои граѓани пријавија материјална штета.

Синоќа Крагуевац дваесетина минути по полноќ го погоди нов земјотрес, а потресот бил почувствуван и во Белград. Само неколку часа подоцна земјата повторно се затресе од нов потрес со јачина од 2 степени.

Иако Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) објави дека земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, набрзо објавија дека силината била 3,9.

Според податоците на Републичкиот сеизмолошки центар на Србија, земјотресот се случил синоќа во 23.25 часот и бил со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот, според податоците на ЕМСЦ, бил на длабочина од два километри.

Тој земјотрес бил почувствуван во централните делови на Белград, но и на места околу Крагуевац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот