ТИРЗ: Во јануари позитивен тренд на извоз и зголемување на бројот на работни места

– Компаниите во Технолошко – индустриските равојни зони (ТИРЗ) во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Увозот бил за 8 проценти повеќе од лани истиот период, а бројот на вработени во зоните во јануари достигнал речиси 16 400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022.

Како што информираат од дирекцијата на ТИРЗ, споредено со јануари 2022 извозот е зголемен за 11 проценти, односно за 9 проценти повисок од 2021, и за 45 отсто и 15 отсто повисок споредено со 2020 односно 2019 година. Позитивниот тренд на раст продолжува и во однос на увозот.

– Компаниите во ТИРЗ во јануари оствариле увоз од 221 милиони евра. Тоа е за 8 проценти повеќе споредено со истиот период во 2022, односно за 44 отсто повеќе од јануари 2020 и за 15 проценти повеќе споредено со 2019. Увозот во јануари 2021 бил повисок за 10 проценти, покажува анализата, стои во соопштението од ТИРЗ.

Оттаму дополнуваат дека особено позитивен тренд на раст има кај нето извозот кој во јануари е 24,5 проценти, што, меѓу другото, како што наведуваат, се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места.

– Бројот на вработени во зоните во јануари достигна речиси 16 400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022. Само во првиот месец од годинава во компаниите во зоните се отворени речиси 80 нови работни места. Инаку ТИРЗ ја заокружи минатата година со 2 300 новоотворени работни места и највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра, со што е 2022 е најуспешната година од постоењето на зоните, велат од ТИРЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот