Тинејџер од Аеродром ја тепал сопствената мајка, таа го пријавила во полиција

Фото: МИА

18-годишен жител на скопската населба Аеродром физички ја нападнал сопствената мајка, која тоа го пријавила во полиција, соопшти МВР.

„На 01.12.2022 во 00.40 часот во Полициската станица Аеродром, 46-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 00.15 часот пред трговски центар на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот син К.П.(18)“, се вели во полициското соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот