Тежок удар за Норвешка: Остана без клучен ракометар

Еден од најдобрите ракометари на Норвешка, Магнус Абелвик Род заработи фрактура на стапалото и за него заврши Европското првенство.

Првиот фаворит за освојување на титулата на ракометното Европско првенство, Норвешка, остана без еден од најдобрите ракометари, Магнус Абелвик Род.

Ракометарот на Фленсбург заработи фрактура на стапалото во натпреварот против Шведска, и по денешните детални лекарски прегледи, Магнус Род ќе мора да паузира најмалку 20 дена, што значи дека неговиот настап на овој европски шампионат дефинитивно е завршен.

– Тешко ми е, немам други зборови во овој момент. Сакав да им помогнам на колегите од репрезентацијата во во полуфиналето и финалето, но немав среќа. Тешко е да се најде мотивација кога вакво нешто ќе се случи. Верувам дека ракометарите можат и без мене да го освојат златниот медал – изјави Род.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот