Тетовец нападнат од соседи откако ги предупредил дека го прекршуваат полицискиот час

 Тетовец бил нападнат откако предупредил соседи пред зградата дека го нарушуваат јавниот ред и мир и полицискиот час. Настанот се случил вчера на неколку часа пред да заврши 80-часовното ограничување за движење во комплексот згради Блок 70 во Тетово.

– Во 18:30, В.С.(32) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „180″– Блок 70 во Тетово бил физички нападнат од 23-годишниот С.С., кој со уште неколку други лица, пред зградата во која живеел, го нарушувале јавниот ред и мир и биле предупредени од негова страна. С.С. и В.С. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот, инфомира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР – Тетово.

Инаку, за текот на трите дена полициски час СВР – Тетово бележи вкупно 37 нарушување на полицискиот час. Од вкупната бројка 20 се однесуваат на периодот од недела во 7 часот до утрово во истиот термин.

За време на викенд полицискиот час се издадени прекршочни глоби за неносење маска на лице на вкупно 135 лица, а само во изминатиот 24 часовен период на 27 луѓе.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат,нНови решенија за изолација изготвени им се на 44 луѓе, а изјави за самоизолација потпишале девет лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот