Тетовчанка е тешко повредена, ја претепал љубовникот од Скопје

Фото: Profimedia

Жена од Тетово вчера пријавила дека во стан во Скопје, човек со кого била во љубовна врска ја нападнал и ја претепал, по што побегнала и го пријавила случајот, соопшти МВР.

„На 30.06.2022 во 16.45 часот во СВР Тетово, од Центарот за социјални работи Тетово било пријавено 43-годишна тетовчанка кај нив пријавила дека на 28.06.2022 била физички нападната од И.С. од Скопје, со кого била во љубовна врска, во неговиот дом во Скопје. Според пријавеното, откако избегала, таа побарала лекарска помош во Клиничка болница Тетово, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди“, пишува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот