Тест на личноста: Откријте која е вашата нарцисоидна карактеристика

Фото: Профимедиа

Генерално, нарцисите имаат искривено чувство за самобитност и величественост и се карактеризираат со однесување кое покажува потреба за восхит и недостаток на емпатија. Сите ние понекогаш покажуваме некоја карактеристика на нарцисоидна личност. Овој тест може да ни открие на што треба да работиме и кој дел од нашата личност е повеќе фокусиран врз нас самите отколку на односите со другите, пишува „Сенса“.

Ако некогаш сте се запрашале дали сте нарцис или не, овој тест на личноста ќе ги открие вашите најистакнати нарцисоидни особини, а ќе ви бидат потребни само неколку секунди.

Погледнете во сликата – што е она што прво го видовте на неа?

Фото: Скриншот/Олег Шупљак/„ЈорТанго“

Жена

Ако видовте жена, вашата најистакната нарцисоидна особина на личноста е фокусирањето на физичкиот изглед. Не сте целосно суетни, не секогаш ги осудувате другите во однос на начинот на кој тие изгледаат, но тоа е нешто што го правите кога сте под стрес или се чувствувате фрустрирано.

Река

Ако видовте река, вашата најистакната нарцисоидна особина е фокусирањето на социјалниот статус. Иако знаете дека квалитетот на вашите односи со другите луѓе е поважен од било што друго, може да ви биде тешко да го префрлите вашиот фокус од сопствената кариера на луѓето што ги сакате.

Мост

Ако видовте мост, вашата најистакната нарцисоидна особина е недостаток на емпатија. Не сте ладна личност, ниту пак овој недостаток на емпатија значи дека сте личност која не е способна да почувствува нешто. Сепак, кога реагирате, вашиот прв инстинкт не е секогаш да внимавате како се чувствуваат другите. Склони сте да им верувате на луѓето кога ќе ви кажат дека се добро, наместо да проверите дали навистина е така. Обидете се да бидете посвесни за тоа како се чувствуваат луѓето околу вас. Тоа ќе биде корисно за подобрување на вашите односи со другите.

Чамец

Ако видовте брод, вашата најистакната нарцисоидна особина е вашето претерано чувство за самобитност. За да постигнете успех и среќа во животот, мора да бидете подготвени да го оставите своето его настрана и понекогаш да ги прашате другите и да им се обратите за помош. Затоа е важно да имате познанства кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели. Не мора да си го отежнувате животот со претпоставка дека само вие ги имате вештините да завршите која било работа на планетата. Не заборавајте да контактирате со вашите пријатели кога ви требаат. Никој никогаш нема да ве осуди ниту да помисли дека сте лоша личност поради тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот