Тест од две секунди открива дали треба да се омажите за некого: Само поставете го ова прашање

Фото: Pexels /Jeremy Wong

Размислувате за брак, но не сте сигурни дали вашиот партнер е „материјал за брак“? Колумнистката и експерт за односи на Јана Хокинг откри дека во овој случај користи тест кој трае само две секунди.

Така таа брзо го разрешува својот сомнеж и одлучува дали ќе го остави својот партнер или ќе продолжи да се гледа со него.

„Добро гледам во мажот  и се замислувам како стојам во венчаница подготвена да одам до олтарот“, откри Јана.

„Потоа си го поставувам прашањето: „Ако пристигнам пред олтарот и погледнам како ме чека на другиот крај, дали ќе блесна и ќе бидам искрено возбудена што го гледам. Дали би помислила во себе ‘Како, по ѓаволите, имав толку среќа да се омажам за него?’или… Дали само би помислила: „Ок супер, тој изгледа како добра личност и сметам дека би можела да имам пристоен живот со него, па ајде да го направиме ова“, истакна таа.

Јана објасни дека ако го избереш првото, тој маж е за тебе и треба да останеш со него. Меѓутоа, ако повеќе се согласувате со вториот одговор, тогаш најдобро е да кажете „збогум“.

„Втората опција не нуди искрена и страсна љубов, нуди сигурна љубов“, објасни таа.

Јана неодамна ги откри и предупредувачките знаци на апликациите за запознавање на кои жените треба да внимаваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот