Тешка животна приказна на Лучиќ-Барони: Татко и ја тепаше, а Иванишевиќ и го спаси животот

epa06144914 Mirjana Lucic-Baroni of Croatia hits a shot to Carla Suarez Navarro of Spain during their first round match at the Western & Southern Open at the Linder Family Tennis Center in Mason, Ohio, USA, 14 August 2017. EPA/TANNEN MAURY

Хрватската тенисерка Мирјана Лучиќ-Барони ја отвори душата зборувајќи за најтешкиот период од својот живот притоа откривајќи дека животот и го спаси актуелниот тренер на Новак Ѓоковиќ.

Станува збор за 1998 година и настапот на Вимблдон каде дека Лучиќ-Барони била малтретирана од сопствениот татко. Таа уште во тоа време објави дека татко и ѝ се заканувал оти ќе ја убие нејзината мајка, а спасот го најде во Горан Иванишевиќ кој успеал тенисерката и нејзината мајка да ги засолни во Лондон.
– Горан ми го спаси животот. Изгледаше како во филмовите за Џемс Бонд, освен што тука стануваше збор за нашите животи – изјави Лучиќ-Барони.
Тенисерката потоа заедно со мајка и се вратиле во Загреб каде 18 дена чекале виза по што со шестчлено обезбедување заминале во Њујорк, САД. Таа исто така раскажува како татко и ја тепал уште додека била мала.
– Малтретирањето започна кога имав само пет години. Загубив од постара тенисерка на тренинг, а кога си дојдов дома тоја ме удри толку силно по носот што ми потече крв – раскажува Лучиќ-Барони.

Сега мрачниот период од животот е минато за Мирјана Лучиќ-Барони, таа стана мајка, животот и се врати во нормала и дури планира кам-бек во тенисот иако има 38 години.
Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е 20. место на ВТА ранг листата, а има освоено и три титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот