Терористичка закана, катедралата во Келн останува затворена

Висока катедрала на Светите Петар и Богородица во Келн, Германија / Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Поради зголемениот ризик од терористички напади, катедралата во Келн останува затворена за посетители, со исклучок на верниците кои влегуваат на миса.

„Влезот во катедралата од литургиски причини, како присуство на миса или исповед, ќе биде дозволен по полициска контрола. За други видови посети, катедралата останува затворена од безбедносни причини“, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и архиепископијата на Келн.

Катедралата во Келн, најпосетуваната туристичка локација во Германија, останува затворена помеѓу Божиќ и Нова година кога катедралата обично ја посетуваат над 100 илјади туристи.

Келнскиот надбискуп Рајнер Марија Велки и се заблагодари на полицијата која, како што рече, се погрижила верниците во катедралата да можат без страв да го прослават Божиќ.

Безбедносните мерки беа воведени минатиот викенд поради сомневањата дека се подготвуваат терористички напади со исламистичка позадина врз катедралите во Келн и Виена.

Во врска со можните напади, во Германија е уапсено лице кое и претходно и било познато на полицијата како милитантен исламист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот