Телевизијата ја замени за нешто сосема друго: Убавата водителка Николина Славковска се врати на старата љубов (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Телевизијата ја замени за нешто сосема друго: Убавата водителка Николина Славковска се врати на старата љубов (ФОТО)

Веруваме дека малкумина од вас знаат дека Нина е одличен инструктор по танц

Една од најубавите тв-водителки кои се појавиле на телевизиските екрани, Николина Славковска која повеќето од вас ја знаат како водителка на естрадниот магазин „Ексклузив“, се врати на својата стара љубов.

Таа од неодамна стана инструктор по танц во танцовиот клуб  – „Сонриса“ и заедно со останатиот тим ќе држат часови по најразлични танци.

Тие се познати по курсевите кои ги нудат како: Кубанска салса, Бачата, Зумба, Латино за деца и многу други, но од оваа година тие имаат уште неколку други курсеви како што се: Урбан Хелс, Хип-Хоп, Ориентален танц, Јога и уште неколку други.

Инаку танцовиот клуб пред само неколку дена го прослави својот 7 роденден и тоа со свечено отварање во нивната нова сала во скопската населба Аеродром.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close