Телефонски разговор на Мицотакис со Трамп и Пенс

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа имал телефонски разговор со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис за продолжување на одличните односите меѓу двете држави.

Од кабинетот на Трамп му честитале на Мицотакис за изборот и се согласиле за потребите за продлабочување на односите на САД и Грција.

Мицотакис исто така разговарал и со американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Според грчките владини извори, во разговорот кој траел над 20 минути станува збор за суштински прашања и двете страни се договориле за дополнително продлабочување на веќе добрите односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот