Тедрос: Загрижува дека мутациите на ковид-19 се можеби отпорни на вакцините

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека појавата на новите мутации на ковид-19 покрена прашања дали постојните вакцини ќе бидат ефикасни и против нив.

За него е загрижувачка информацијата дека постојните вакцини може да бидат помалку ефикасни против мутацијата на вирусот откриена во Јужна Африка.

Тедрос додаде одлуката на Јужна Африка да ја прекине кампањата за вакцинација со вакцината на „АстраЗенека“ е потсетување дека мора да сториме сè за да ја намалиме циркулацијата на вирусот со докажани мерки за јавно здравје.

Тој ги повика производителите да бидат подготвени брзо да ги прилагодат своите вакцини за да бидат ефикасни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот