Талибанците затворија две телевизии бидејќи не се придржувале до исламските вредности

Војници Авганистан/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Талибанците забранија две телевизиски станици во Авганистан затоа што не се придржувале до националните и исламските вредности.

Официјален претставник на Комисијата за прекршоци во медиумите при Министерството за информации, Хафизулах Баракзаи, кажа дека судот ќе ја испита работата на двете станици со седиште во Кабул – ТВ Нур и ТВ Бариа, и дека тие не можат да ја емитуваат програмата додека судот не ја донесе својата пресуда.

-И покрај постојаните предупредувања и препораки, ТВ Нур и ТВ Бариа не ги следеа новинарските принципи, не ги земаа предвид националните и исламските вредности, рече Баракзаи.

Меѓутоа, тој не наведе повеќе детали за наводните прекршувања.

Авганистанскиот центар за новинарство ги нарече овие суспензии „незаконски чин“ на владата под контрола на талибанците. Суспензиите, сметаат оттаму, се уште еден чекор кон дополнителните ограничувања на медиумите во земјата.

Многу новинари ги загубија своите работни места откако талибанците ја презедоа власта во 2021 година, а новинарките се соочуваат со дополнителни тешкотии поради забраните за работа и ограничувањата за патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот