„Тајм аут“ го избра најдобриот град во светот за 2026 година
Оваа година се одбележува десетгодишнината од истражувањето за градови на магазинот „Тајм аут“, а неодамна беше објавена и новата листа „Најдобри градови со Интрепид травел“ за 2026 година. За да ја состават листата, разговарале со повеќе од 24.000 локални жители, меѓу кои и редовни читатели на списанието, кои оценувале различни аспекти од животот во нивниот град – ноќен живот, култура, храна, достапност, задоволство и општа атмосфера. Во рангирањето било земено предвид и мислењето на панел од повеќе од 100 експерти на „Тајм аут“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Шангај, Единбург, Лондон и Њујорк се најдоа меѓу првите пет градови, но титулата „најдобар град во светот за 2026 година“ ја понесе Мелбурн.
Овој австралиски град, познат и по своето автохтоно име Наарм, важи за спортска престолнина на земјата. Неодамна беше домаќин на Австралија опен, кој во 2026 година постави рекорд по посетеност, како и на Големата награда на Австралија во Формула 1, големото финале на Австралиската фудбалска лига и традиционалниот крикет натпревар „Боксинг деј тест“.
Најинтересните улици и населби во градот се полни со необични галерии, независни кина, барови на покриви и продавници за грамофонски плочи. Многу од нив се украсени со впечатливи мурали и имаат уредени градини од светска класа.
Градот се наоѓа покрај реката Јара, која има големо културно значење за автохтоните заедници. Низ Мелбурн можат да се видат и бројни историски згради под државна заштита, што, според жителите, е само дел од богатата културна сцена. Покрај тоа, градот е познат и по развиената гастрономска понуда – дури 94 проценти од локалното население ја оценува високо.
Најдобри градови во светот за 2026 година
1. Мелбурн
2. Шангај
3. Единбург
4. Лондон
5. Њујорк
6. Бангкок
7. Токио
8. Копенхаген
9. Чикаго
10. Лисабон
11. Мадрид
12. Кејптаун
13. Лос Анџелес
14. Виена
15. Сиднеј
16. Барселона
17. Порто
18. Монтреал
19. Амстердам
20. Прага
21. Берлин
22. Атина
23. Сингапур
24. Торонто
25. Сеул
26. Бат
27. Дубаи
28. Сан Франциско
29. Рим
30. Будимпешта
31. Ванкувер
32. Буенос Аирес
33. Стокхолм
34. Цирих
35. Истанбул
36. Мексико Сити
37. Рио де Жанеиро
38. Хонгконг
39. Осака
40. Окленд
41. Брисбејн
42. Глазгов
43. Даблин
44. Варшава
45. Краков
46. Хелсинки
47. Валенсија
48. Хамбург
49. Минхен
50. Тајпеј


