Дваесетина од кравите заловени во Кривопаланечко пцовисале, АХВ вели: Не можат да живеат во затворен простор
Државата преку лицитација продава 71 говедо од познатиот случај во Кривопаланечко, од големото стадо кое со години предизвикуваше проблеми во регионот околу повеќе села. По многу реакции кај жителите, повеќе апсења на сопствениците и институционални препукувања, објавен е огласот со кој тие се продаваат, објави „Фактор“. Во одговор на прашање од порталот, Агенцијата за храна …

