Збирката поезија „Кула крај море“ на академик Влада Урошевиќ излезе во издание на „Антолог“
Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја најави промоцијата на дванаесеттата збирка поезија на академик Влада Урошевиќ, насловена „Кула крај море“, што ќе се одржи на 6 мај (среда), од 19 часот, во литературното кафе „Метаноја“. Промотор ќе биде академик Иван Џепароски. Објавувањето на книгата, во издание на издавачката куќа „Антолог“, е поддржано од Министерството за …

