Во Франција уапсени двајца тинејџери што планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам, пренесува Ројтерс. „Апсењата спречија планиран напад“, соопшти канцеларијата. Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.

