Манифестацијата „Смилевски конгрес“ создава услови за жива средба меѓу уметниците, местото и публиката
Културната манифестација „Смилевски конгрес“, што ќе се одржи на 1 и 2 мај во селото Смилево, со своето трето издание го поставува прашањето за заедницата како реален, творечки и јавен чин. Во време на расцепканост, симулирана комуникација и псевдоиндивидуализам, оваа манифестација не нуди носталгија, туку позиција: дека автентичната уметност не настанува во изолација, туку во …

