Јаневска: Поништени се осум спорни дипломи на Филозофски и две на Славјански универзитет, случаите се пријавени во Обвинителство
Министерството за образование и наука (МОН) започна процедура за поништување дипломи на Филозофскиот факултет при УКИМ и на Славјанскиот универзитет поради констатирани сериозни неправилности, потврди министерката Весна Јаневска. Случаите веќе се пријавени во Јавното обвинителство за понатамошно постапување. На Филозофски факултет Министерството поништува осум дипломи на веќе поништени осум уписи. Како што рече Јаневска, станува збор …

