Утре без вода дел од улицата „Симеон Кавракиров” во Скопје

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре заради изведување на водоводен приклучок на цевка со пречник ф -100мм, за ниска зона на ул.„Симеон Кавракиров” бр.27, во Скопје прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од таа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со активностите.