Македонски камион се преврте во Бугарија

Камион со македонски таблички денеска се превртел на пат близу бугарскиот град Шумен. Патот е затворен за сообраќај, а полицијата врши увид. При алкотестирање на возачот е утврдено дека тој има 1,79 промили алкохол во крвта. Во несреќата за среќа нема повредени, објави 24Часа.