• приведени

Приведен кумановец, затекнат при обид за кражба

Вчера во 15.30 часот во Куманово, полицијата го привела триесет и едногодишниот М.И. од Куманово. Како што информира МВР, тој бил затекнат на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово при обид да одземе предмети од деловен објект. М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.