Македонци вмешани во шверц на марихуана од Албанија за Косово

Фото: МВР Албанија

Албанската полиција спречила шверц на дрога кон Косово, во кој биле вклучени и двајца македонски државјани.

Според полициското соопштение, во акцијата уапсени се двајца косовски и еден македонски државјанин, додека по еден македонски и двајца српски државјани се трага и активностите за нивно апсење продолжуваат во соработка со полициите на соодветните држави.

-На граничниот премин „Ќаф Пруш“, кај Кукс, на излез од Албанија, уапсен е Ј.К.(38), жител на Ѓаковица, откако при претрес на возилото тип „пежо“ што го управувал биле пронајдени 32,7 килограми марихуана. Возилото во кое била дрогата му било дадено од страна на Г.М. од Косово и А.А. од Северна Македонија, кои се притворени, да ја пренесе на косовска територија, а за тоа му била исплатена одредена сума пари, стои во полициското соопштение.

Како доказен материјал одземени се возилото и дрогата која била во 19 пакетчиња во во кои во просек имало по 1,9 килограми.

Материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Кукс за понатамошни дејствија, за кривично дело „Трговија со наркотици“, сторено во соработка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот