Го нападнале и му украле личен предмет, приведени двајца струмичани

Фото: Архива

Вчера полицијата привела двајца струмичани кои насилно одзеле личен предмет од едно лице.

„На 12.11.2023 во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода Д.К.(20) и Џ.И.(25), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека на 11.11.2003 во Струмица со употреба на сила одзеле личен предмет од едно лице. Предметот е пронајден и вратен на сопственикот, а лицата се задржани во Полициска станица Струмица и за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“,информираат од МВР.

По целосно Полдокументирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот