Четворица крадци, од кои двајца малолетници ограбиле маркет во Велес

Полициски службеник / Фото: Архива

Вчера во Велес, полицијата ги привела деветнаесетгодишниот С.Џ и 35-годишната М.М., двајцата од Велес. Тие се сомничат дека со малолетничка од Скопје и малолетник од Велес во текот на денот од продажен објект во Велес одзеле повеќе предмети.

Како што информира МВР, С.Џ. и М.М. се приведени во полициска станица, а со малолетниците, во присуство на нивните родители, бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот