• преградие

Повеќе експлозии одекнаа во воена база во предградие на Багдад

Најмалку две експлозии ја потресоа денеска воената база во јужното предградие на Багдад, соопшти ирачката армија, без да даде други детали. Безбедносни извори велат дека се слушнале неколку експлозии и дека погодената воена база се користи како складиште за муниција за ирачката полиција и паравоени формации.