• пет

Кавадарчанец нападнат во неговата викендичка

Кавадарчанец бил нападнат од пет лица во дворот на неговата викендичка на Тиквешко Езеро, синоќа околу 18 часот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Во Полициската станица  Кавадарци,  П.А.(50) изјавил дека бил физички нападнат од С.В.(40) со уште четири непознати лица. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот