Кирацовски: Се изгласа Законот за ЈО – последната алка во борба против организираниот криминал

„Во борбата помеѓу правдата и мафијата, конечно победи ПРАВДАТА! Предмалку, со двотретинско мнозинство се изгласа законот за Јавно Обвинителство, последната неопходна алатка за ефективна и ефикасна борба против организираниот криминал“ – напиша Александар Кирацовски на неговиот Фејсбук-профил. „Овој закон претставува основна општествена потреба на правдата и правната држава! Одиме напред кон Европската Унија“ напиша Кирацовски.